Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Покрај ТВ Нова и Спорт Клуб 1 со директен пренос од мечот Фенербахче – Вардар
Покрај ТВ Нова и Спорт Клуб 1 со директен пренос од мечот Фенербахче – Вардар

Покрај ТВ Нова и Спорт Клуб 1 со директен пренос од мечот Фенербахче – Вардар

Покрај ТВ Нова и Спорт клуб 1 ќе врши директен пренос од вечерашниот натпревар, помеѓу екипите на Фенербахче и Вардар. Ова е одлична можност за сите навивачи на Вардар да можат да го проследат денешниот меч на својот миленик на една од овие две телевизии. Последниот меч на црвено-црните одигран на гостински терен, против тимот на Копенхаген беше пренесуван само во второто полувреме од ТВ Нова, па доколку се доцни повторно, сигурно дека Спорт клуб 1 ќе го започне својот пренос од почетокот на мечот.

Натпреварот започнува од 19:30 часот, а Вардар стартува со предност од 2:0, резултат остварен на првиот дуел во Скопје. Никогашне сме биле поблиску до пласман во групната фаза на едно од двете најголеми фудбалски натпреваруња. Оваа шанса мора да се искористи, а за тоа е потребно да одиграме добро во текот на сите 90 минути.