Викендов младите категории на Фк Вардар ги играат своите натпревари во рамките на домашното првенство. Противник на сите наши екипи, е Милано од Куманово.
-Први кои ќе настапат се помладите пионери. Мечот е закажан за утре со почеток од 10 часот на теренот на Локомотива. Првиот дуел во есенскиот дел заврши без победник 0:0. Оваа генерација е во израмнета борба за титулата, па триумф од овој меч ќе биде од големо значење за остварување на целта. Вардар влегува во овој дуел во серија од пет последователни победи.
-Пионерите ги завршија настапите на турнирот во БиХ, по што се враќаат на настапите во првенството. На свој терен утре ја пречекуваат екипата на Милано. Терминот за овој дуел е со почеток од 12 часот на Локомотива.
-Кадетите имаат гостување во Куманово, каде ќе се обидат да ја продолжат серијата на победи и да се зацврстат на врвот на табелата. Дуелот ќе се одигра во недела со почеток од 13:00.
-Последни ќе настапат младинците на Фк Вардар, против екипата на Милано. Оваа генерација врза две последователни победи, со очекување серијата на успеси да продолжи и на ова тешко гостување. Натпреварот ќе се игра во недела од 15 часот, на теренот во Куманово.
Фото:ТК Медиа