Иако ПМФЛ не е завршена, играчот кој дојде оваа пролет во Вардар како огромно засилување, Ибричиќ на крајот од оваа сезона по се изгледа ќе си замине од клубот.
Популарниот Ибро дојде на шест- месечна позајмица од турската прва лига, па откако таа позајмица истекува на крајот на сезоната, извесно е дека Сенијад ќе си замине од нашиот клуб.
Ибричиќ оваа сезона според многумина не ги исполни очекувањата, и барањата на навивачите, во едно огромно засилување , тој оваа сезона запиша 5 погодока, а одигра над 10-тина натпревари во црвено – црниот дрес.
Фото: фквардар.мк