Thursday ,06 August 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Продолжуваат првенствените настапи на младите генерации на Фк Вардар
Продолжуваат првенствените настапи на младите генерации на Фк Вардар

Продолжуваат првенствените настапи на младите генерации на Фк Вардар

Викендов младите категории на Фк Вардар ги играат своите натпревари во рамките на домашното првенство. Противник на сите наши екипи, е Милано од Куманово.

-Први кои ќе настапат се помладите пионери. Мечот е закажан за утре со почеток од 10 часот на теренот на Локомотива. Првиот дуел во есенскиот дел заврши без победник 0:0. Оваа генерација е во израмнета борба за титулата, па триумф од овој меч ќе биде од големо значење за остварување на целта. Вардар влегува во овој дуел во серија од пет последователни победи.

-Пионерите ги завршија настапите на турнирот во БиХ, по што се враќаат на настапите во првенството. На свој терен утре ја пречекуваат екипата на Милано. Терминот за овој дуел е со почеток од 12 часот на Локомотива.

-Кадетите имаат гостување во Куманово, каде ќе се обидат да ја продолжат серијата на победи и да се зацврстат на врвот на табелата. Дуелот ќе се одигра во недела со почеток од 13:00.

-Последни ќе настапат младинците на Фк Вардар, против екипата на Милано. Оваа генерација врза две последователни победи, со очекување серијата на успеси да продолжи и на ова тешко гостување. Натпреварот ќе се игра во недела од 15 часот, на теренот во Куманово.

Фото:ТК Медиа