Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: СЕХА е силна и без Веспрем, ќе биде тешко да се одбрани тронот
Гонзалес: СЕХА е силна и без Веспрем, ќе биде тешко да се одбрани тронот

Гонзалес: СЕХА е силна и без Веспрем, ќе биде тешко да се одбрани тронот

Натпреварувачка ракометна сезона за Вардар официјално започнува  денес со првиот меч од СЕХА Газпром лигата. Во првото официјално возбудување  ние  гостуваме кај тимот на РК  Металург во СЦ „Борис Трајковски”. Дуелот е закажан за денес, сабота со почеток во 17,45 часот. Раул Гонзалес, тренерот на Вардар за почетокот на сезоната вели:

Нема да биде лесно. Новата сезона ќе биде и потешка за нас, бидејќи кога победуваш, потешко е повторно да бидеш победник. Ние сме прваци, и сакаме и мораме добро да се подготвиме. Но, сезоната е долга, и треба полека да се фокусираме на се она што доаѓа во следниот период. Првиот официјален меч секогаш е тежок, особено бидејќи го имаме Металург за ривал. Тие секогаш играле добро против нас и сигурен сум дека повторно ќе биде така.
Не знам многу за новиот тим на Металург. Досега се играа пријателски натпревари и не можеш сѐ да знаеш и да споредиш. На тие мечеви нема притисок, тие служат само за воигрување. Веспрем е голем противник и силен тим, и сигурно ќе недостасува за да биде лигата многу силна. Сега сите зборуваат дека сме фаворити, но треба да го покажеме тоа на терен. Треба да заборавиме на тоа. Ние бевме шампиони, сите ќе сакаат да играат добро против Вардар, и затоа треба да се концентрираме уште подобро на новите натпревари- вели Гонзалес.