Трансферите на двете девојки кои од оваа сезона ќе ги бранат боите на скопските црвено-црни, Драгана Цвијиќ и Полина Кузнецова во редовите на вицепрвакот на Европа, Вардар се сметаат за едни од најдобрите десет трансфери во женскиот ракомет ова лето. Овој избор е според специјализираниот интернет-веб портал за ракомет- “Балкан Хендбол“.
Драгана Цвијиќ од редовите на црногорскиот шампион, Будуќност премина во вардариот табор, а нејзиниот трансфер се наоѓа на второто место на ранг листата. Полина Кузнецова во редовите на македонскиот шампион дојде од рускиот тим Кубан и нејзиниот трансфер е осмопласиран на оваа ранг листа. Според “Балкан Хендбол“ за најдобар трансфер е прогласен преминот на романската репрезентативка Кристина Неагу, која од Будуќност замина во ЦСМ Букурешт.