Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати термините и саатниците на одигрување натпревари за ЖРК Вардар во групната фаза од ЛШ
Познати термините и саатниците на одигрување натпревари за ЖРК Вардар во групната фаза од ЛШ

Познати термините и саатниците на одигрување натпревари за ЖРК Вардар во групната фаза од ЛШ

ЕХФ ги одреди термините и саатниците за натпреварите во женската лига на шампиони, за натпреварувачката сезона 2017/18. Идентично како минатата, така и оваа сезона екипата на ЖРК Вардар ќе ја започне на домашен терен со дуел против тимот на ФТЦ Будимпешта, натпревар кој ќе се одигра на 6-ти октомври во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 19 часот. Покрај ФТЦ, во нашата група се уште Ларвик и победникот од втората квалификациска група. Вардар ќе се обиде во својот петти обид да стигне до толку посакуваната Европска титула до која беше блиску изминативе сезони.

Распоред на натпревари
1. коло, 06.10 2017
Вардар – ФТЦ Будимпешта (19:00)

2. коло, 13-15.10.17
Квалификант – Вардар

3. коло, 21.10.17
Ларвик - Вардар (17:00.)

4. коло, 4.11.17
Вардар – Ларвик (17:00.)

5. коло, 11.11.17
ФТЦ Будимпешта – Вардар (15:0 ч.)

6. коло, 17.11.17
Вардар – Квалификант (19:00.)