По слободниот викенд, фудбалерите на Вардар се вратија на тренинзите со цел добра подготовка за новиот натпревар кој следи а тоа е дуелот против Силекс на домашен терен.
Тренерот Јаневски овие неколку денови има на располагање половина тим бидејќи голем дел од нашите играчи имаат обврски со своите репрезентации. Денеска во Скопје доаѓаат Барсегјан и Хамбарџумјан кои завршија со својата репрезентација, додека пак Дарко Велковски, Висар Муслиу, Бобан Николов, Џамбул Џигаури и Петар Петковски вечерва имаат настапи и се очекува во среда да се приклучат на тимот.
Натпреварот против Силекс ќе биде одигран во сабота со почеток во 16 часот на Градскиот стадион.