Денес својот 30-ти роденден го прославува ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ. Средниот бек на црвено-црните ја игра својата петта сезона во дресот на Вардар, откако заедно со Радичевиќ дојдоа од екипата на Ѓер. Нашата редакција и посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план. Нека петтата година во дресот на Вардар биде среќна за Андреа во освојување на европската титула.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНДРЕА !