Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Големо засилување но само за домашна лига

Големо засилување но само за домашна лига

Кога се чинеше дека конечно ФК Вардар во своите редови донесе “машина за голови”, сепак, на крајот Вардар остана и овој пат со празни раце. Максим Максимов не беше регистриран од страна на Вардар во УЕФА бидејќи литванскиот клуб Тракаи го оспорува трансферот на Максимов во редовите на Вардар.

Значи Вардар “извиси”, сега црвено – црните ќе се надеваат дека УЕФА ќе пресуди во нивна полза па Максимов ќе го добијат барем за настапите во домашното првенсто. Во овој момент пријавени напаѓачи за во Европа се само Итало и младиот Петар Петковски. Ако се земе во предвид моменталната формата на Итало, повторно се очекува Барсегјан да биде во шпицот од нападот на дуелот против Зенит.