Откако заврши сезоната, и екипата на Лирс испадна од првата белгиска лига, Мојсов стави крај на кратката соработка со тимот од Белгија, па повторно се отвaра можноста за враќање во татковината, да го облече црвено – црниот дрес.
Интерес за Мојсов од таборот на Вардар постоеше уште во зимскиот преоден рок овој играч да ја засили одбраната на вардарци, но трансферот пропадна.
Дали оваа втора шанса ќе биде среќна за Вардар и Мојсов, останува да видиме….
Несомнено на Вардар му треба квалитетен стопер во квалификациите од Лигата на Шампионите. Дополнителен фактор е тоа што капитенот Таневски беше на операција, и ќе биде извесен период надвор од терените. Според нашите информации шансите да дојде Мојсов во црвено-црниот табор се повеќе од големи , ќе видиме дали оваа наша информација ќе се обвистини наскоро затоа…
Следете не!