Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Вардар и Милано, ги поделија бодовите

Младинците на Вардар и Милано, ги поделија бодовите

Натпреварот од 18 коло во младинското првентво, помеѓу фудбалските екипи на Вардар и Милано, заврши без победник 1:1. Овој меч првично требаше да се одигра вчера, но истиот беше прекинат во 3 минута поради обилните врнежи од дожд.

Црвено-црните први дојдоа во водство со голот на Ѓорѓи Малов во 10 минута од натпреварот. Домаќините успеаа да израмнат при крајот на првото полувреме, што беше и конечен резултат на крајот. Во второто полувреме, Вардар беше подобар противник имаше неколку шанси за погодок. Судијата им поништи чист гол, а не досуди ни пенал што беше очигледен.

Избраниците на Петар Ѓоргиевски веќе одамна ги загубија шансите за титулата, па до крајот на првенството ќе играат за подобар пласман на табелата. Следен противник е екипата на Турново.

Фото: ТК Медиа