Заврши уште една сезона во младинската ракометна лига во машка конкуренција. Младинците на РК Вардар успеаа да ја одбраната титулата освоена од минатата сезона. На завршниот турнир на четирите најдобри екипи, кој се играше во салата во Автокоманда, црвено-црните во финалето ја победија екипата на Прилеп. Претходно во полуфиналниот меч, беа подобри од тимот на Тинекс Пролет.
- Минатата година нашиот тим ја освои титулата за прво место во младинската лига на Република Македонија. Последователно на тоа, оваа сезона, напорната работа и секојдневното залагање од целиот тим, кое беше внимателно координирано од страна на нашиот тренер Стојан Петрушевски, заврши со одбраната на истата. Вложеноста и желбата за успех започнаа со летните припреми во Маврово, заедно со вториот тим на РК. Вардар, на кој што им следеше подобрена тимска работа како на терен така и надвор од него.
Избраниците на Стојан Петрушевски сезоната ја завршија без ниеден пораз, што говори за нивната супериорноста.
- Паралелно на ова, се надоврзаа и конзистентните победи во домашното првенство од почетокот па се до самиот крај. Иако сеуште постои простор за напредок, задоволен сум од нашиот труд и залагање и сметам дека сме тргнати во вистинската насока, изјави Никола Стојковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски