Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По долга пауза се врати ДАРКО ГЛИШИЌ!

По долга пауза се врати ДАРКО ГЛИШИЌ!

По речиси поминати 9 месеци пауза, поради тешката повреда здобиена на тренинг, нашиот играч и репрезентативец на Македонија, Дарко Глишиќ направи голем кам-бек на терените, и одигра вчера повеќе од 20-тина минути на натпреварот со Силекс во Кратово.

Ова секако се позитивни вести и за стручниот штаб на Вардар, и за сите навивачи на Вардар.
Даре имаше одлични партии во есенскиот дел од сезоната, но за жал поради оваа повреда, се одалечи доста гол период од терените. Тој оваа сезона одигра 10 натпревари во црвено – црниот дрес.
Се надеваме дека Даре добро ќе се подготви за настапите во Лигата на Шампионите!