Кадетите не успеаа да победат на гостувањето во Куманово и се враќаат со само еден освоен бод. Иако важеа за големи фаворити пред почетокот на дуелот, сепак не успаа да победат. Натпреварот заврши без голови 0:0. Црвено-црните имаа поголем дел од играта и неколку шанси за постигнување на погодок. Најголемата прилика за погодок ја имаше Виктор Димков во 15 минута кога ја погоди пречката. После ова коло, Вардар останува на првото место но со намалена предност пред најголемиот конкурент за титулата. Сега бодовната разлика со Шкендија е на само два бода. Нашите надежи имаат полесен распоред до крајот на сезоната. Тимот од Тетово, допрва треба да игра со Работнички, Металург и А. Пандев. Во последното коло во Тетово ќе се сретнат токму екипите на Шкендија и Вардар.
Избраниците на Љупчо Марковски веќе во вторник(среда) ги очекува финалето од купот на Македонија, каде за противник го имаат тимот на Работнички. Нема многу време за одмор, пред кадетите е уште еден голем предизвик кој треба да го совладаат.
Фото:ТК Медиа