Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Давид Стојковски: Ова е мое прво финале и се надевам дека ќе го освојам
Давид Стојковски: Ова е мое прво финале и се надевам дека ќе го освојам

Давид Стојковски: Ова е мое прво финале и се надевам дека ќе го освојам

Полека доаѓа крајот на сезоната во првенството и купот на младинските категории. Утре ќе се одигра големото финале во рамките на купот на Македонија во кадетска конкуренција. Борбата за трофејот ќе ја водат екипите на Вардар и Работнички. Мечот ќе се одигра на теренот на ФФМ, со почеток од 16 часот. Во првенството овие две екипи одиграа два натпревари. Вардар еднаш победи со 2:0 и еднаш одиграа нерешено 0:0.

-Очекувањата за финалето се секако да го освоиме ова натпреварување. Имаме доста квалитети, но не го потценуваме противникот бидејќи имаат добра екипа. Тоа е тим со многу репрезентативци во својот состав. Ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да победиме. Ова е мое прво финале и се надевам дека ќе го освојам, изјави членот на кадетите Стојковски за Вардарфанс.

Оваа генерација предводена од Љупчо Марковски се наоѓа на првото место на табелата во првенството, каде остануваат да се одиграат уште 4 натпревари.

Звонко Ивановски