На вчерашниот натпревар во Кратово вардарци влегоа растеретени од резултатскиот императив. Но сепак покажаа желба за победа и да не беа несреќно примените два погодока најверојатно црвено-црните ќе ја однесоа истата.
Најдобар играч на црвено-црните на вчерашниот меч според нашата оценка дефинитивно е Влатко Грозданоски . Влатче истрча многу на вчерашниот меч , беше крајно предан и упорен во текот на целиот меч . Евидентна беше големата желба на вардаровата 87ца да одигра еден одличен натпревар и тоа се гледаше во секоја топка со која беше во контакт. Влатко беше насекаде по теренот обидувајќи се со својот допринос да го разбие бункерот кој домаќините го поставија по несреќно примениот гол на Вардар. Неговата пожртвувана игра за секоја топка на теренот беше крунисана на вистински начин со прекрасен гол со глава кој значеше изедначување и голема радост на Комити кон кој се упати Гроздановски да го прослави својот погодок бакнувајќи го амблемот на дресот со што покажа колку му значи Вардар . По повредата сите мечеви на кој настапи нашиот Влатче покажа завиден квалитет. Влатко на својата фан страна пиша свое размислување за оваа 9-та титула , за неговата љубов кон Вардар. Во истата нашиот Влатче вели:
Моја 2- ра шампионска титула со Вардар . Благодарност и честитки до сите… управата, тренерите, соиграчите, медицинската служба и навивачите. Да ни се множат што повеќе и секако здравје боже да имаме што подолго Европско лето. Напред Вардар!
ВИДЕО ОД ГОЛОТ НА ВЛАТКО И ФИЧО И ПРОСЛАВАТА НА ТИТУЛАТА >>>