ШАМПИОНСКА ТАБЕЛА !!!
Шампионскиот пехар во нашите раце и прославата во Кратово се она што го одбележаа овој викенд за нас црвено-црните фанови и навивачи .Ова е изглед на шампионска табела по крајот на Плеј-Офот воедно и првенството во Македонскиот фудбалски шампионат . ФК Вардар официјално по крајот на шампионатот е на три бода позитива во однос на минатогодишниот шампион Работнички од како и двата тима одиграа нерешено во последното коло кое беше само формалност по заверката на титулата од црвено- црните едно коло претходно.
ФК Вардар по една година пауза повторно е шампион на Македонија место кое обезбедува учество во квалификациските дуели за европската Лига на Шампионите во која Вардар влегува за жал во групата наносители бидејќи има мал коефициент .