Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петар Петковски за Вардарфанс : Чуството да се биде шампион е неописливо!
Петар Петковски за Вардарфанс : Чуството да се биде шампион е неописливо!

Петар Петковски за Вардарфанс : Чуството да се биде шампион е неописливо!

Младиот црвено-црн фудбалер Петковски Петар го живее својот сон оваа полусезона , беше прекомандуван во прв тим , покажа дека треба сериозно да се смета на него за во иднина и најважното на само 18 години се закити со првата титула Шампион на Македонија. Овој надежен млад фудбалер во изјава за нашиот сајт ги споделува својте емоции кој ги создава титулата освоена во ПМФЛ со ФК Вардар . Во изјавата за Вардарфанс.мк Петковски  вели :

  • Многу сум радосен на мојата прва титула, со моите 18 години, а уште порадосен сум што ја освоив со најголемиот, најпосакуваниот и најтрофејниот Македонски клуб. Да ми кажуваше некој до пред 4 месеца дека ќе се случи ова немаше да му поверувам, но ете ми дадоа шанса се надевам дека добро се покажав. Со самото тоа јас уште повеќе и повеќе ќе тренирам и ќе се докажуван затоа што мислам дека сеуште не сум ги покажал докрај моите игри и дека имам уште многу да дадам на овој клуб. Чуството да се биде шампион е неописливо а поготово кога си прв пат шампион и толку млад, се надевам дека ќе освојам уште многу титули со Вардар. Сакам да имаме успешно лето, да ни трае што подолго.

Звонко Ивановски