Денеска и официјално се потврдија информациите што ви ги најавивме уште во месец фебруари оваа година. Последен од низата пет нови засилувања на РК Вардар е Македа. ”Робусниот џин” од шпанија ќе стави потпис на три годишен договор со нашиот клуб.
Па според ова, следната сезона е јасно дека ќе имаме три играчи од златните генерации на црвената фурија. По Душебаев, кој го продолжи договорот, и Арпад Штербик, кој се разбира останува во тимот и наредната сезона, трет во низата е Хорхе Македа, па така се затвора листата, која брои три играчи од Шпанија.
Но можеби ова нема да биде последното засилување од Шпанија, можеби ќе се приклучи уште некој шпански интернационалец, долго е летото, следете не!
Арпад Штербик ( Голман)
Алекс Душебаев (Десен бек)
Хорхе Македа (Десен бек)