Македонскиот првак Вардар се соочува со проблеми пред вечерашниот натпревар. Поради повреда вечерва на екипата нема да може да и помогне стандардниот дефанзивец Евгениј Новак.
На денешниот натпревар сепак се очекува да биде на клупата за резерви. Сега тандемот стопери во Вардар ќе го сочинуваат капитенот Грнчаров и репрезентативецот Дарко Велковски, овие двајца беа во тандем и на последниот натпревар против тимот на Силекс. Тука како алтернатива секако е и Висар Муслиу.