Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гичевска незапирлива во дуелот со Будуќност, која постигна девет голови за спортската академија на Македонија
Гичевска незапирлива во дуелот со Будуќност, која постигна девет голови за спортската академија на Македонија

Гичевска незапирлива во дуелот со Будуќност, која постигна девет голови за спортската академија на Македонија

Спортската академија на Македонија одигра со нерешен резултат против Будуќност, во рамките на првиот натпревар од регионалниот турнир кој се игра во Подгорица. Во оваа селекција се наоѓаат по осум играчи од ракометните клубови Вардар и Металург.

Натпреварот против Будуќност заврши со нерешен резултат 22:11, откако и двете екипи постигнаа по 11 голови во двете полувремиња. Се играше еден израмнет дуел, на кој на крај можеби нерешениот исход беше најреален на овој меч.

Што се однесува до листата на најдобри стрелци на овој меч, неа ја предводеше Леонида Гичевска која е дел од вториот тим на Вардар. Таа натпреварот го заврши како прв стрелец со 9 голови. Од играчите на Вардар голови постигна и Милица Николиќ и тоа два зад нејзиното име.