Денес нашиот ракометен клуб Вардар одлета за Полска, тие таму недела го игра првиот натпревар од новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите против Висла Плоцк. Денес за време на летот Скопје – Виена, вардарци добија аплауз и благодарност од екипажот и патниците.
Хероите на летот беа физиотерапевтите Димитар Маневски и Виктор Стојанов кои 40-тина минути беа покрај еден патник кој имаше проблеми, успеавајќи да го стабилизираат неговото здравје пред истиот да биде преземан од медицинската екипа во Виена.
Веднаш по полетувањето од Скопје, еден патник колабираше по што веднаш на помош на екипажот на авионот се приклучија и Маневски и Стојанов. Му ја дадоа потребната помош за патникот да може да издржи до безбедното слетување на аеродромот во Виена.
Патникот беше преземан од медицинска екипа на аеродромот, а вардарци продолжија за Полска.