Тимот на Татран Прешов се надеваше дека ќе „го фати” Вардар на умор со оглед на патувањето на европскиот првак во Полска, сепак гостите од Прешов заминуваат со пораз од 32-28 (18-11). Ова беше меч од четвртото коло на СЕХА Газпром лигата во која вардарци дојдоа до четвртата победа.