Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик и Гонзалес во идеалниот тим за изминатата сезона во ЛШ, “Ј.Сандански“ третта најпеколна сала
Штербик и Гонзалес во идеалниот тим за изминатата сезона во ЛШ, “Ј.Сандански“ третта најпеколна сала

Штербик и Гонзалес во идеалниот тим за изминатата сезона во ЛШ, “Ј.Сандански“ третта најпеколна сала

 Тренерите на екипите учесници во ЕХФ Лигата на Шампоните го одбраа најдобриот тим и најпеколната сала за изминатата сезона 2016/2017 во ЛШ во која Вардар дојде до европска круна. Две признанија идат за вардарци, Арпад Штербик и тренерот Раул Гонзалез се најдоа во „дрим тимот“.

vardarfans-gonzales

Одличниот  голман доби 15 гласови, десет повеќе од колегата од  екипата на Барселона, Перес де Варгаз. Шпанскиот тренер на нашиот тим, Раул Гонзалез е избран  за најдобар тренер. Тој доби 20 гласови, или дури 11 повеќе од Љубимир Врањеш, на третото место во оваа конкуренција се најде Чави Пасквал од Барселона. За најпеколна атмосфера има во Веспрем Арената, апак Салата „Јане Сандански“ се најде на третото место, зад салата над Кил.

jane-sandanski-sala-vardarfans-navivaci-vardar