Вардар стигна до својата четврта победа од исто толку одиграни натпревари во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански падна екипата на Татран Прешов, која ја совладавме со резултат 32:28. Имавме и девет највисоки голови предност на овој меч и на крајот заслужено победивме. По завршување на натпреварот на прес-коференцијата своите впечатоци ги сподели тренерот на Вардар, Раул Гонзалес кој го изјави следново:
-Во првото полувреме игравме многу добра одбрана и направивме солидна разлика. Во вториот дел Татран Прешов играше подобро од нас, тие се квалитетна екипа, но мене ми е што важно што победивме и што имаме четири победи во првите четири натпревари.
-Циндриќ истакна дека сме одиграле солиден натпревар и дека сега се фокусираме за саботниот меч во лигата на шампионите, против екипата на Нант.
-Татран никогаш не се откажа, покажаа карактер и волја да играат најдобро што можат во текот на сите 60 минути и верувам дека во случај да успеат да продолжат со тоа, ќе бидат сериозни кандидати за F4. Одигравме солиден натпревар, но сепак имаме многу простор за подобрување на играта во напад и во одбрана. Сега е време да се фокусираме за сабота и натпреварот против Нант во Лигата на шампионите.