Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Новата генерација на РК Вардар, пионерите предводени од Зоран Петковски претстојниов викенд ја започнуваат сезоната во лигата
Новата генерација на РК Вардар, пионерите предводени од Зоран Петковски претстојниов викенд ја започнуваат сезоната во лигата

Новата генерација на РК Вардар, пионерите предводени од Зоран Петковски претстојниов викенд ја започнуваат сезоната во лигата

Претстојниов викенд започнува новата сезона во пионерската ракометна лига. Во неа ќе се натпреварува новата генерација на ракометниот клуб Вардар, момчиња родени 2004/05 година. Екипата ќе биде предводена од легендата на РК Вардар и Македонскиот ракомет, Зоран Петковски – Зенга кој ќе се обиде своето искуство и големо знаење да им го пренесе на младите ракометари. Екипата ја сочинуваат ракометари, кои последниве две сезони беа дел од најновиот проект на клубот, “Јуниор“ лигата. Во новата сезона дел од пионерите на РК Вардар Јуниор ќе бидат следниве ракометари:

1. Христијан Петковски
2. Давид Славески
3.Антони Андовски
4.Дамјан Миновски
5.Тадеј Аритонов
6.Марко Каевски
7.Иле Велковски
8.Петар Колевски
9.Давид Младеновски
10.Дино Исмаиловиќ
11.Стефан Јовевски
12.Никола Спасовски
13.Петар Стојановски
14.Филип Бошковски
15.Маријан Гочев
16.Дејан Тодевски
17.Андреј Петрушевски
18.Иле Табаков
19.Алек Алексовски.

Вардар ќе биде дел од групата 1, во која ќе бидат уште и екипите на Аеродром, Кромак, Металург 1, ГРК Гостивар и Бииснов Вардар. Ќе се натпреваруваат вкупно 25 екипи поделени во четири групи. На стартот од сезоната на домашен терен ја пречекуваме екипата на Бисинов Вардар. Инаку ќе се натпреваруваме во лига, со екипи кои се генерациски повозрасни, односно родени 2002 година.

Ова е распоредот на одигрување натпревари за нашите млади надежи:

1 коло: Вардар Јуниор – Бисинов Вардар

2 коло: Аеродром 1- Вардар Јуниор

3 коло: Вардар Јуниор – Металург 1

4 коло: Вардар Јуниор – ГРК Гостивар

5 коло: Кромак – Вардар Јуниор

Во пресрет на новата сезона и настапот на оваа генерација во пионерската лига, своите очекувања за нашиот сајт ги сподели тренерот Зоран Петковски кој истакна дека оваа сезона ќе биде еден вид подготовка за наредната, кога треба да дојде до израз оваа нова генерација на РК Вардар.

-Во новата натпреварувачка сезона ќе настапиме во пионерска конкуренција, иако првично не размислувавме така. Сепак решивме да учествуваваме и да направиме припрема за следната година, каде ќе стартуваме на многу повисоко ниво. Овие деца што моментално се на тренинзите на оваа селекција на ракометниот клуб Вардар сигурно дека ќе имаат конкуренција и од останатите ракометни школи кои се дел од академијата на Вардар. Секако дека ќе ги следиме нивните настапи и во “Јуниор“ лигата, така што целта ни е да им дадеме шанса на најдобрите деца, а воедно да им пружиме професионален пристап и работа на овие млади ракометари. Во оваа натпреварувачка сезона резултатите не ни се во преден план, туку како што напоменав да направиме една годишна селекција на оваа генерација на ракометари.

Звонко Ивановски