Утре ракометниот клуб Вардар ќе одржи прес-конференција за мечот против екипата на Нант, во рамките на второто коло од лигата на шампионите. По тој повод утре со почеток од 12 часот во конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански, клубот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги сподели очекувањата за овој дуел, кој е прв пред домашната публика во најголемото ракометно натпреварување.
Натпреварот со Нант се игра во сабота со почеток од 17:30 часот, во С.Ц. Јане Сандански.