Денес со почеток од 15:30 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари, нашиот фудбалски шампион го очекува натпревар против Ренова, во рамките на шесттото коло од ПМФЛ.
Денешниот противник во пресрет на овој натпревар се наоѓа на седмото место на табелата. “Гипсирите„ имаат пет освоени бодови, или една победа, два нерешени резултати и два порази. Интересно е што имаат една од најдобрите одбрани, но и најнеефикасен напад заедно со екипата на Скопје, кои постигнале само по еден гол. Единствениот гол го постигнаа минатото коло кога на домашен терен минимално ја совладаа екипата на Пелистер.
Вардар после нерешениот резултат со Скопје и губењето на планирани два бода, денес нема друг избор освоен победа против Ренова. Поради црвениот картон, денес ќе го нема капитенот Грнчаров, нуту повредниот Новак, па се очекува стопери да бидат Велковски и Муслиу. Исто така ќе отсуствуваат Итало и Брдаровски, кои се здобија со повреда на мечот со Зенит. Последните два првенствени натпревари на воие две екипи ги доби Вардар, кој на домашен терен славеше со резултат 2:0, со погодоците на Барсегјан и Боарето, кој не е дел од тимот, додека на гостувањето во Тетово победивме минимално со 0:1, со голот на Блажевски.