Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање. Вања Битуљану е првиот претседател, но по само една година, неговото место го завзема Васил Николовски, еден од најуспешните мото-крос возачи во Македонија и еден од најголемите работници во мото-кросот и воопшто – мотоциклизмот во Македонија. Тој успешно го водеше клубот се до својата смрт во 2014-та година.
Во сабота (23-ти септември), мото клубот Вардар ќе го прослави својот 39-ти роденден. Местото на настанот е во ресторанот Моја Куќа во Аеродром, во близина на Тинекс и Вучко (адреса: В.Комаров 13) со почеток од 19.00 часот. Обезбедено е ладно пиво со цена од 60 денари (кригла), паркинг место во изобилство, акустична музика за душа и осветлување. Добредојден е секој мотоциклист или немотоциклист, пријател на клубот.
Среќен роденден – Мото Клуб Вардар!
Изминатата година помеѓу другите активности Мото клуб Вардар земa учество на 72 ФИМ-рели во Шведска (види), интересно беше тоа што потоа на враќање момците од Мото Клуб-Вардар дадоа поддршка за фудбалерите во Копенхаген каде играа меч во ЛШ -види.