Младиот голман на Вардар, Даниел Ѓорѓески се најде во ТОП-5 најдобри одбрани, на четвртото коло во СЕХА-лигата. Ѓорѓески го помина цел натпревар на голот на Вардар во победата против Татран Прешов. Тој мечот го заврши со осум одбрани, а една од тие се најде во изборот за најдобри пет на колото.
Вака изгледа листата на ТОП-5 најдобри одбрани, во минатото коло од СЕХА-лигата.
1. Чарапенка ( Брест Мешков)
2. Урбан Лесјак ( Целје )
3. Даниел Ѓорѓески ( Вардар)
4. Бојан Перовиќ ( Војводина)
5. Клемен Ферлин ( Горење)