Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Мото клуб “Вардар“ прославува 39 години од своето формирање
Мото клуб “Вардар“ прославува 39 години од своето формирање

Мото клуб “Вардар“ прославува 39 години од своето формирање

 Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање. Вања Битуљану е првиот претседател, но по само една година, неговото место го завзема Васил Николовски, еден од најуспешните мото-крос возачи во Македонија и еден од најголемите работници во мото-кросот и воопшто – мотоциклизмот во Македонија. Тој успешно го водеше клубот се до својата смрт во 2014-та година.

moto-klub-vardar

Во сабота (23-ти септември), мото клубот Вардар ќе го прослави својот 39-ти роденден. Местото на настанот е во ресторанот Моја Куќа во Аеродром, во близина на Тинекс и Вучко (адреса: В.Комаров 13) со почеток од 19.00 часот. Обезбедено е ладно пиво со цена од 60 денари (кригла), паркинг место во изобилство, акустична музика за душа и осветлување. Добредојден е секој мотоциклист или немотоциклист, пријател на клубот.

Среќен роденден – Мото Клуб Вардар!

Изминатата година помеѓу другите активности  Мото клуб Вардар  земa учество на 72 ФИМ-рели во Шведска (види), интересно беше тоа што потоа на враќање момците од Мото Клуб-Вардар дадоа поддршка за фудбалерите во Копенхаген каде играа меч во ЛШ -види.