Лоша вест стигнува од редовите на Европскиот шампион, според која во наредниов период екипата на РК Вардар ќе биде без услугите на Игор Карачиќ. Средниот бек на црвено-црните се здобил со повреда на скочниот зглоб на вчерашниот тренинг и ќе го пропушти мечот против Нант, кој на програмата е утре во С.Ц. Јане Сандански.
Од друга страна добро е што во тимот се врати Лука Циндриќ, кој одигра одлично против Висла Плок, а тука е и Јана Војводиќ кој на натпреварите од СЕХА-лигата покажа дека може на него сериозно да се смета. Доплнителните лекарски прегледи ќе одлучат колкав период, Карачиќ ќе биде надвор од терените.