На 8-ми Октомври, недела за прв пат во нашата метропола ке се оддржи улична трка на 10 километри. Истата е во организација на “Скопски маратон“, на оваа трка ќе се трчаат 10километри низ скопските улици во централното градско подрачје на метрополата.
Вардаровиот млад атлетичар, Петре Завировски кој е во силен налет за враќање во старите добри времиња најавува атак на висока позиција на оваа трка. Тој по одличниот настап во Охрид каде недоволно подготвен влезе во рингот и ја одбрани честа очекува нови добри настапи, Петре сега најавува силен напад во Метрополата. Завировски во последниот период тренира добро и од него се очекува уште многу оваа сезона. Сеуште го нема кажано последниот збор за оваа сезона!