Викендов ќе се одигра четвртото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардаровите генерации е тимот на Академија Пандев. Кадетите и младинците се домаќини, во сабота на теренот на академијата со почеток од 10 и 12 часот, додека пионерските екипи во недела во истите термини гостуваат во Струмица.
По заминувањето на Љупчо Марковски, помладите пионери во Струмица ќе ги води, Сашо Тодоровски кој е тренер на пионерите. Оваа генерација имаше одличен старт на сезоната и пред ова коло успеа да освои најмногу бодови од сите останати генерации на ФК Вардар. Останува само да видиме како ќе реагира и одигра екипата, по заминувањето на Марковски со оглед дека играа добар фудбал во првите три кола. Што се однесува до почетниот состав не треба да се менува ништо, и реално е да започнат оние 11-сетмина кои беа стартери во првите три кола.
Пионерите пак се уште се во потрага по првиот триумф во новата натпреварувачка сезона. Оваа генерација има два нерешени резултати и еден пораз, после првите три одиграни кола. Се уште неможат да ја пронајдат вистинската игра, а тешка задача да стигнат до трите бодови ќе имаат на секогаш незгодното гостување во Струмица. Големи проблеми имаше тренерот Тодоровски во дефанзивната линија на мечот против Шкендија, така да ќе биде на “слатки“ маки околу составување на екипата за овој дуел против А.Пандев.
Својата вистинска форма ја бараат и кадетите кои не импресионираат по првите три одиграни кола. Генерацијата предводена од Влатко Колев има половичен учинок на стартот од сезоната. Дуелот на домашен терен со А.Пандев е добра шанса за Вардарци да се вратат на победите во лигата и да се подигне самодовербата во продолжение од сезоната.
Во минатото коло младинците го претрпеа првиот пораз оваа сезона на гостувањето во Тетово. Домашниот терен ни дава за право да се надеваме на освојување на трите бодови во дуелот со А. Пандев, иако струмичани знаат да бидат незгоден противник за Вардар.