Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Пенезиќ се “опростува“ од националниот дрес
Андреа Пенезиќ се “опростува“ од националниот дрес

Андреа Пенезиќ се “опростува“ од националниот дрес

Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ се опростува од националниот дрес, откако не се најде на списокот на новиот селектор на Хрватска, за претстојните квалификациски натпревари. Ненад Шоштариќ го објави списокот на ракометарки за дуелите со Швајцарија и Украина, а на него не се најде Пенезиќ.

Во овие квалификации нема да можеме да сметаме на услугите на Андреа Пенезиќ, која има проблем со грбот, но и покрај ова таа се опрости од националниот дрес, рече Шоштариќ.

Така Пенезиќ во иднина ќе се концентрира само на настапите во екипата на Вардар, што е добра околност за нашиот ракометен шампион.