Натпреварот помеѓу Целје и Вардар во рамките на петтото коло од СЕХА-лигата е прогласен за дерби на ова коло. Мечот треба да се одигра на 21-ви октомври во Словенија и според СЕХА е прогласен за најинтересен дуел во ова коло. Мечевите на црвено-црните втор пат по ред се прогласувани за дерби, откако истиот епитет го имаше и натпреварот против Брест Мешков, кој нашиот состав го доби во С.Ц. Јане Сандански.
Моментално Вардар е прв на табелата со максимални 12 освоени бодови, додека шампионот на Словенија се наоѓа на третото место со 7 освоени бодови. Двете екипи доволно се познаваат, откако минатата сезона одиграа четири меѓусебни натпревари два во рамките на СЕХА и лигата на шампионите и сите ги доби екипата на Вардар.