Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата “2004′ на ФК Вардар без “милост“ за Шкупи, црвено-црните со шест голови ги испратија гостите дома
Генерацијата “2004′ на ФК Вардар без “милост“ за Шкупи, црвено-црните со шест голови ги испратија гостите дома

Генерацијата “2004′ на ФК Вардар без “милост“ за Шкупи, црвено-црните со шест голови ги испратија гостите дома

Нова победа за Вардаровата генерација во рамките на регионалната-скопска лига. Утрово на теренот на академијата, избраниците на Игор Кралевски убедливо ја поразија екипата на Шкупи со резултат 6:2.

Тренерот Игор Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Милошевски, Јаневски, Серафимов, Павлески, Стоимов, Анчевски, Хајдари, Попов, Стојановски, Хајдари.

vardarfans-gener-2004

Вардар уште од стартот на натпреварот имаше иницијатива на теренот, а првите два удари кон противничкиот гол ги имаше Димитар Стоимов., од кој вториот беше посериозен но голманот на Шкупи со крајни напори го одбрани ударот. Се заакани и екипата од Чаир која упати удар покрај нашиот гол. Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со голот на капитенот Георг Стојановски кој доби употреблива топка и ја смести во мрежата од голот на Шкупи, за водство од 1:0.

vardarfans-georg

Сепак гостинската екипа успева да го израмни резултатот, по една наша грешка на одбраната која му дозволи на еден од противничките играчи да излезе сам со Гигов и да ја смести топката во мрежата за израмнување на 1:1. Веднаш беше направена прва измена во нашиот состав. На местото на Анчевски, во игра влезе Матеј Богдановски. Со овој резулат се замина на полувреме.

На стартот на второто полувреме беше направена уште една измена во нашиот состав. Играта ја напушти Серафимов, додека во игра е Давид Љушев. Вардар влезе уште поцврсто во вториот дел, кога не им беше потребно многу време да го вратат водството. Никола Павлески е играчот кој им донесе водство на црвено-црните, за водство од 2:1. Во игра влезе и Сандро Каровски, на местото на Исмет Хајдари. Продолживме со притисок на половината на гостите, а тоа даде резултат со нов брз гол и тоа на нововлезениот Каровски, кој зголеми на 3:1 а на голот претходеше асистенција од Стојановски.

vardarfans-radost-2

Целосен распад на играта на Шкупи, а Вардар делуваше како да започнал натпреварот. Нов погодок и повторно во гостинската мрежа. Тренерот Кралевски им даде шанса на сите играчи кои му беа на распологање. Нови играчи на теренот се Филип Јовановски и Стефан Стојановски, кои влегоа на местото на Стоимов и Попов.Во листата на стрелци се запишува и Теодор Перковски кој доби топка, беше побрз од противничките играчи и успеа да ја погоди мрежата на Шкупи за веќе убедливи 4:1. Промена и на голманската позиција, од игра излезе Гигов, а на голот застана Наум Ангелов. Марио Сурлов е на теренот, а од игра излезе Павлески. Петарда во мрежата на Шкупи, поторно гол на Сандро Каровски кој со глава од корнер погодува за 5:1. Враќа брзо и противникот, кој го намалува резтатот на 5:2, откако еден од нивните играчи беше фаулиран во нашиот шеснаесетник, по што беше покажано на белата точка. Продолжи голеадата на на овој дуел и нов гол за Вардар од скратен корнер. Сигурен реализатор е капитенот Стојановски Георг за предност од 6:2. Можевме да зголемиме, но Каровски ја погоди пречката. На крајот конечниот резултат е 6:2.

По три одиграни кола, оваа генерација има максимален број на освоени бодови во регионалната лига.