Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одличен Вардар, генер. “2003“ го надигра Шкупи, во дербито на регионалната -скопска лига
Одличен Вардар, генер. “2003“ го надигра Шкупи, во дербито на регионалната -скопска лига

Одличен Вардар, генер. “2003“ го надигра Шкупи, во дербито на регионалната -скопска лига

Вардаровата генерација “2003“ стигна до убедлива победа во денешното коло од регионалната – скопска лига. Избраниците на “Чунга Лунга“ во дербито ја победија екипата на Шкупи.

Тренерот Петрески го стартуваше натпреварот со следниве 11-сетмина: Стојковски, Ѓорѓески, Трпезановски, Сељанац, Маркоски, Стојановски, Давидовски (c), Јовановски, Андрески, Младеновиќ.

На Вардар не му требаше многу време да го постигне првиот гол. Слично како и на мечот со Работнички уште во 3 минута погоди Марио Петрушевски за водство од 1:0. Црвено-црните доминираа во првото полувреме и не му дозволија на противникот да создаде ниту една посериозна шанса кон нашиот гол. Бевме решени уште во првото полувреме да ги решиме сите дилеми околу победникот. Офанзивнат игра на половината на противникот даде резултат кога се играше акција од десната страна, од која нафрли Маркоски, за топката во противнчкиот шеснарсетник да стигне до Лео Андрески, кој немаше проблем да ја смести во мрежата на Шкупи, за водство од 2:0 во 13 минута.

vardarfans-radost

Истиов играч до крајот на првото полувреме постигна уште еден гол и тоа само три минути подоцна од вториот, откако гостинскиот тим направи три корни, што значеше и скратен корнер за Вардарци. Истиот во гол го претвори Лео Андрески за предност од 3:0. Вардар имаше уште неколку обиди да го зголеми резултатот, но ништо посериозно за погодок.

vardarfans-gener-2003

На стартот од второто полувреме се обиде Шкупи, но топката заврши во добро поставениот голман на Вардар. Прва измена во нашиот состав направи тренерот Петрески. Од игра излезе Дарио Јовановски, на негово место е Александро Прелоговски. Истиов играч веднаш се најде во прилика за гол, издржа дуел со еден од противничките играчи и шутираше покрај голот на гостите. Нови две измени во редовите на Вардар. Во игра влегоа Димче Мешковски и Петре Тасески, а на нивно место излегоа Лео Андрески и Дарко Младеновиќ. Убедливото водство ни овоможуваше да играме мирно, но и покрај тоа имавме поголем посед на топка и создадовме нови шанси. Една од нив ја претворивме во гол, кога од левата страна нафрли Прелоговски, а на топката наиде Мешковски кој со глава ја смести во мрежата на Шкупи, за водство од 4:0 во 62 минута. Вардар имаше можност да го зголеми резултатот, но Маркоски немаше среќа и ја погоди пречката од противничкиот гол. Потоа Макроски ја напушти играта, а на терен блезе Благоја Јаневски. До крајот на мечот уште една измена во нашиот состав. од играа излезе Петрушевски, а влезе Бојан Петковски. Немаше поголеми возбудувања во последните пет минути, па натпреварот заврши со триумф на Вардар од 4:0.

vardarfans-gol

Пофални зборови за играта на Вардаровата генерација “2003“ која одигра одлично во текот на целиот меч, не дозволувајќи на противникот да создаде ниту една поголема прилика за гол.