Пионерските екипи со победи се враќаат од гостувањето во Струмица, од дуелите со екипата на Академија Пандев. Помладите пионери триумфираа со резултат 2:4, додека пионерите победија со резултат 0:3
Помлади пионери на ФК Вардар: Станковски, Крстевски, Костовски, Хасани, Асани, Салиу, Стојановски, Гугуљанов, Трајановски, Мирков, Речица
Помладите пионери на ФК Вардар иако имаа негатива од 2:0, за само 11 минути направија целосен пресврт и на крајот триумфираа со резултат 2:4. По првото полувреме домашната екипа имаше водство од 1:0. На стартот од вториот дел зголемија на 2:0, по што изгледаше дека А.Пандев е поблиску до победата. Сепак не мислеа така и Вардарци, кои успеа да постигнат дури четири голови. Најпрво на 1:2 намали Азер Омерагиќ во 63 минута, за потоа и Абдула Хасани да го израмни резултатот на 2:2 во 66 минута. Целосниот пресврт го најави Фисник Салиу кој погоди за 2:3 во 70 минута, додека печат на победата стави Мартин Величковиќ во 74, за конечен резултат од 2:4.
Пионери на ФК Вардар: Андов, Ѓурковски, Николов, Астарџиев, Манасиевски, Цури, Спировски Димоски Ристовски, Хасановиќ, Игнатов,
Прва победа за пионерите во новата сезона, кои денес ги совладаа врсниците од А.Пандев со резултат од 0:3. Давид Ристовски со евро гол во 26 минута го отвори резултатот на овој натпревар за водство на црвено-црните од 0:1. Се играше 34 минута кога Мартин Спировски зголеми на 0:2. Со овој резултат се замина на полувреме. Точка на денешната победа во дуелот со А.Пандев стави Леонид Игнатов кој со својот прв гол во 62 минута зголеми на 0:3. До крајот на мечот, струмичани успеваат да постигнат почесен гол и да го намалат резултатот на 1:3.
Одлична игр за пионерите кои стигнаа до првиот триумф во новата сезона. Двете генерации денес ги водеше Сашо Тодоровски, откако Љупчо Марковски не е повеќе дел од Вардар, каде ги тренираше помладите пионери.