Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир, пионерите на Вардар до врв ја наполнија мрежата на МРК Куманово во 1.коло
Момците на Будимир, пионерите на Вардар до врв ја наполнија мрежата на МРК Куманово во 1.коло

Момците на Будимир, пионерите на Вардар до врв ја наполнија мрежата на МРК Куманово во 1.коло

Денес во С.р.ц “Кале“-Скопје се одигра првото коло во пионерската машка ракометна лига во кое пионерите на РК Вардар предводени од Адријана Будимир беа домаќини на МРК Куманово. Момците на Будимир влегоа крајно мотивирано, одиграа со висок ритам во моментите кога имаа мали падови нивниот ментор од клупата им даваше дополнителен имплус. Тие триумфираа високо со 19 гола разлика победувајќи со 27-8 (14-4).

1

Први со гол овој дуел го отворија црвено-црните, кој од почетокот играа одлична одбрана типична за овој состав онаква цврста и бескомпромисна како што инсистира нивниот тренер. Тоа веднаш вроди со плод во одбраната ги затворивме сите приоди, а во нападот казнувавме веднаш па поведовме со вискои 5-0 на стартот. Гостите се вратија во мечот со два едно подруго погодоци со кои намалија на 5-2. Сепак повторно заигравме како на стартот и направивме серија овој пат 6-0 со која поведовме со 11-2. До крајот на првите 20.минути колку што се игра во оваа категорија двата тима играа гол за гол, ние на одмор отидовме со двоцифрена предност. На семафорот во салата “Кале“ стоеше 14-4 за црвено-црните пионери.

2

Вториот дел го старувавме со погодок во мрежата на Куманово, и за кратко со серија 3-0 поведовме со 17-4, тоа беше првпат да отидеме на “13 плус“ на овој дуел. Гостите намалија на 17-5, но веднаш ја видоа нашата сила кога испорачавме седум погодоци во нивната мрежа во продолжение за предност од 24-5. Влеговме во завршните минути со предност од 19 гола, во последните минути игравме мирно и без брзање. Двата тима погодија по три пати во противничките мрежи за да овој дуел заврши со победа од 19 гола за момците на Будимир односно триумфиравме со 27-8 во овој деби дуел во сезоната 2017/2018 година и најавивме дека оваа сезона атакуваме на круната во пионерската македонска машка ракометна лига.

3

Димитријевски Дамјан беше прв стрелец кај нас со 5 гола, по 4 погодоци имаа Савревски Давид, Калајџиев Симон и Мишевски Марио. Жерновски Никола и Србиновски Дамјан погодија по 3 пати, 2 гола имаше Грујовски Велимир, а еднаш во листата на стрелците се запишаа Димчевски Благој и Трајчевски Горјан.