Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Најмладите Вардарчиња од “2010“ со победа и пораз ја стартуваа сезоната во детската лига
(ФОТО) Најмладите Вардарчиња од “2010“ со победа и пораз ја стартуваа сезоната во детската лига

(ФОТО) Најмладите Вардарчиња од “2010“ со победа и пораз ја стартуваа сезоната во детската лига

Денес стартуваше новата сезона во детската фудалска лига, за најмладата генерација, дечиња родени “2010“ година. Вардароват генерација предводена од Зоран Петковски одигра два натпревари, на кои забележа половичен успех од една победа и еден пораз.

vardarfans-gener-2010

Најпрво на теренот се појави Вардар (1) кој за противник го имаше тимот на Њу Старс. Тука издвојувавме победа со резултат од 7:3. По првото полувреме имавме убедливо водство од 4:0. Во овој дел од мечот, два гола постигна Марко Јовановски, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Стефан Ристиќ и Матеј Чедевски. На стартот од второто полувреме ја зголемивме предноста на 5:0 со првиот погодокот на Далибор Марковиќ. Прв гол на натпреварот постигна и противничката екипа за да намали на 5:1.

vardarfans-pobeda

Вардар беше подобра екипа на теренот и со вториот гол на Стефан Ристиќ зголеми на 6:1. Нов гол во мрежата на Њу Старс и втор на мечот за Далибор Марковиќ, кој зголеми на 7:2. До крајот на натпреварот, екипата на Њу Старс постигна два гола и го ублажи поразот, за конечен резултат од 7:3.

vardarfans-igra

На вториот натпревар кој го одигра Вардар (2) против екипата на Фаст бевме поразени со резултат 4:5. Головите на овој натпревар за црвено-црните ги постигнаа Петар Васоски (2), и Лука Пачески, додека авто гол си постигна противникот.