Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2005 предводена до Ане Андовски со 38 гола ги потопи своите ривали во воведното коло од детската лига
ФК Вардар генер.2005 предводена до Ане Андовски со 38 гола ги потопи своите ривали во воведното коло од детската лига

ФК Вардар генер.2005 предводена до Ане Андовски со 38 гола ги потопи своите ривали во воведното коло од детската лига

Денес на терените на ФФМ во рамки на првото коло ФК Вардар генерација родени 2005 го одиграа своите дуели. Двете екипи кои оваа сезона ќе ги предводи Ане Андовски дојдоа до високи победи. Тие вкупно на двата дуела погодија 38 пати во мрежата на своите ривали, а непримија ниту еден погодок во својата мрежа.

a3

Екипата на ФК Вардар (1) генер. “2005“  се сретна со екипата на Викторија, во овој дуел се играше буквално “викторија“ пред голот на нашиот ривал, ние дојдовме до убедлива победа со резултат 28-0 (12-0). Тоа е нов рекорд и за тренерот Андовски кој имаше 24-0 победа изминататат сезона како рекорд со генер.2004. Дуелот почна со шанса на Никола Величковски, потоа своја прилика за погодок пропушти и Матеј Гаштаров.  Прв противникот го “начна“ Арбин Курти кој погоди за 1-0. По првиот погодок се беше лесно за кратко со два гола на Матеј Гаштаров поведовме со високи 3-0 на овој дуел, тој по вториот погодок имаше прилика за уште еден сепак ударот заврши над голот на ривалот. Следеа два гола во продолжение на Никола Величковски со кои поведовме со “петарда“ односно со 5-0 на овој дуел. Погодокот за 6-0 го постигнвме откако Курти одлично асистираше до Гаштаров, Матеј убаво ја прими топката и стрелаше ефектно. Обид за нов гол имавме преку Лефковски Давид чии удар заврши над гредата на противникот, исто така над пречка шутна силно и Тино Спасиќ.  До крајот успеавме во последните пет минути да го удвоиме водстворо па поведовме и со 12-0 резултат со кој се замина на одмор на овој дуел. По три пати умешно во мрежата на Викторија стрелаа Арбин Курти и денес одличниот Матеј Гаштаров.

a a4

Вториот дел почна како што заврши и првиот со целосна доминација на црвено-црната генерација 2005 предводена од Ане Андовски. По само пет минути игра им “испорачавме“ нови пет  погодоци во мрежата на нашите противници од ФК Викторија. По нивната мрежа ја тресеа Арбин Курти трипати  и Давор Лефковски кој погоди двапати ефектно со што поведовме со веќе превисоки 17-0 на овој натпревар. По краток одмор на клупата за резерви во игра се врати Никола Величковски, тој веднаш погодува ефектно двапати по ред за наша предност со 19-0.  Голот за 20-0 го постигна Арбин Курти играч кој денес одигра брилијантен натпревар на терените на ФФМ во Ново Лисиче. Погодивме и за 21-0 тој гол беше дело на Зоран Фидановски кој по неколку обида во текот на натпреварот конечно успеаа да погоди и тоа доста лукаво помеѓу дирекот и противничкиот голман. Докрајот вистинска голејада следеше во мрежата на нашиот ривал. Постигнавме уште 7 гола со кои триумфиравме со 28-0 на овој дуел. Стрелци на истите беа  Симеон Здравковски (2), Левковски, Влатко Кулуковски, Тино Спасиќ, Николовски Матеј и Арбин Курти.

a5

 Во вториот дуел денес ФК Вардар (2) генер. “2005“  се сретна со екипата на ФК Башкими од Куманово. Нашите ривали и во овој дуел немаа шанса за постигнување никаков резултат, ние доминиравме во текот на двете полувремниња. На овој прв дуел за ФК Вардар(2) генерација родени 2005 оваа сезона дојдовме до победа со двоцифрена разлика. Момците на Ане Андоски триумфираа во деби дуелот под негово водство со резултат 10-0.

Стрелци на головите за црвено-црните беа: Горјан Цветков (3), Лука Јакимовски (3), Филип Радевски, Калановски, Петар Пројковски и Конески.