Хрватскиот репрезенативец и член на црвено- црните Игор Карачиќ оваа фотографија ја постави на својот профил на најпопуларната социјална мрежа фб . Фотографијата е по сликана по крајот на дуелот во Автокоманда во соблекувалните на вардарци. Со напомена дека е проштална вечера за Добривоје Марковиќ и Немања Прибак кои како што ни е познато заминуваат по крајот на оваа сезона од Вардар. И двајцата се простуваат со црвено-црниот дрес со “двојна круна“ од како вчерашната победа значеше запечатување на титулата во домашниот ракометен шампионат.