Вистински момент за нашата управа да се обиде да ангaжира некој фудбалер од бугарското првенство, со оглед на фактот што сите фудбалери на ЦСКА Софија, и Локомотив Софија се слободни агенти.
По нозата лоши денови, и лиценцата што им беше одземена на овие два бугарски великани, јасно беше дека и сите фудбалери ќе добијат раскин на договорот, и ќе им биде овозможено да си побараат нова средина за докажување.
Несомнено во овие два тима има низа на квалитетни играчи, кои би можеле на нашиот тим да му помогнат во квалификациите од Лигата на Шампионите.
Управата на ФК Вардар треба, и мора, да се обиде да ангажира некој од овие слободни агенти на двата тима, бидејќи квалитет поседуваат низа на одлични фудбалери.