Како што прееска соопштивме дека машкиот ракометен клуб ќе организира силен меѓународен турнир , слична вест и за женскиот ракометен колектив. Девојките ќе бидат домаќини на турнир со исто име “Вардар турнир“ во периодот од 29 август до 1 септември нормално во нашиот храм Јане Сандански .
Најсилната екипа во Европа шампионот на Лигата на Шампионите за изминатата 2014/2015 година Будуќност ќе биде учесник на овој турнир. Покрај него ќе учествуваат и шампонот на Хрватска-Подравка, рускиот шампион тимот на Ростов и шведскиот тим на Савехоф и Лајпциг -Германија. Оваа ќе биде одлична шанса за воигрување на тимот пред следната европска одисеја на црвено- црниот женски ракометен колектив.
Системот е исти како и кај мажите две групи по три екипи , првите од двете групи играт за пласман 1-2 место, вторите за 3-4 место и третите за избегнување на “фенерот“ на турнирот .