Остануваат уште три кола до крајот на сезоната во првенството на младинските категории. Во среда и четврток ќе се одигра 20 првенствено коло. Противник на сите Вардарови генерации е екипата на Дрита од Тетово.
-Ова коло е посебно важно за помладите пионери кои се во тесна борба за титулата со екипата на Шкупи и Шкендија. Нема друга опција освен победа за избраниците на Саше Тодоровски, кои се апсолутни фаворити на овој дуел. Мечот против екипата на Дрита е закажан да се игра во четврток, на теренот на Локомотива со почеток од 15 часот.
-Домашен натпревар на свој терен ќе одиграа и пионерите на Фк Вардар. Оваа генерација се наоѓа во одлична форма од три последователни победи во лигата. Штета за оваа екипа, што од поодамна ги загуби шансите за трофејот. Натпреварот со Дрита ќе се игра исто така во четврток со почеток од 17 часот.
-После ова коло, кадетите имаат шанса со победа да ја обезбедат титулата на две кола пред крајот во лигата. Моменталната бодовна разлика со Тетовска Шкендија е плус пет бода во корист на Вардар. Црвено-црните утре ќе гостуваат во Тетово на Дрита. Мечот ќе се одигра со почеток од 15 часот. Истиот ден Шкендија на домашен терен го пречекува тимот на Металург. Неуспех на тимот од Тетово и победа на Вардар, би значело предвремено обезбедување на трофејот од првенството.
-Младинците исто така се наоѓаат во добра форма, откако на последните четири натпревари имаат забележано три победи и еден нерешен резултат. Избраниците на Петар Ѓоргиевски ќе се обидат да издвојуваат нова победа, овој пат на гостувањето кај Дрита. Дуелот е предвиден да се игра утре со почеток од 17 часот на теренот во Тетово.