ФК Вардар годинава нема доминантен стрелец кој би се одвоил од останатиот дел од тимот па така 56 погодока во првенството и тие во купот се распоредени на поголем број на играчи , од кој само двајца имаат двоцифрен број на погодоци за тимот . Во различен период од сезоната различни играчи доминираа со постигнати погодоци. Во првата полусезона блесна младиот Петковски , а во втората новодојдениот Блажевски.
ТОП-5 СТРЕЛЦИ
МЕСТО | ФОТО | ИМЕ | ПРВА ЛИГА | КУП НА РМ | ВКУПНО ГОЛОВИ |
1. | Филип Ивановски | 11 | 0 | 11 | |
2. | Филип Петковски | 6 | 4 | 10 | |
3. | Дејан Блажевски | 8 | 0 | 8 | |
4. | Филип Петров | 3 | 4 | 7 | |
5. | Артак Дашјан | 4 | 1 | 5 |
Кај асистенциите за гол доминираат ерменските интернационалци и Асани .На првата позиција е Хамбарџумјан со дури 8 асистенции, на третата е Дашјан а младинскиот репрезенативец и член на црвено-црните се наоѓа на втората позиција со исти број на асистенции во лигата со Дашјан , но зад своето име има асистенција и во Купот на Македонија.
ТОП-5 АСИСТЕНТИ
МЕСТО | ФОТО | ИМЕ | ПРВА ЛИГА | ВО КУПОТ | ВКУПНО | |
1. | Хофханес Хамбарџумјан | 8 | 1 | 9 | ||
2. | Јасир Асани | 4 | 1 | 5 | ||
3. | Артак Дашјан | 4 | 0 | 4 | ||
4. | Филип Петковски | 1 | 3 | 4 | ||
5. | Никола Глигоров | 1 | 2 | 3 |