Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ВИДЕА-Од победи за сите младински категории на ФК Вардар со Хоризонт Турново
ВИДЕА-Од победи за сите младински категории на ФК Вардар со Хоризонт Турново

ВИДЕА-Од победи за сите младински категории на ФК Вардар со Хоризонт Турново

Во рамките на 19тото коло во сите четири младински категории нашите надежи се сретнаа со својте  врсници од Хиворизонт Турново. Во сите мечеви убедливи беа победите за нашите момци сите четири дуели ги добивме со огромна предност . Вкупната гол разлика на сите четири дуели изнесува 22 гола позитива, нашите момци дадоа 23 гола а примија само еден погодок .

МЛАДИНЦИ : Вардар – Хоризонт  5:1 .Мечот се одигра на теренот на Локомотива. Стрелци на головите беа: Ѓорѓи Малов(2), Миомир Матиќ, Тони Мирчевски и Виктор Јовановски. По првото полувреме заминаа со предност од 3:1.  ВИДЕО-ТУКА!

КАДЕТИ: Вардар – Хоризонт  8:0 и овој меч се одигра на теренот на Локомотива. резултат беше 8:0. Ердон Даци постигна хет-трик. Покрај него во листата на стрелци се запишаа и Дејан Маркоски(2), Јаир Беќири(2), и Есмин Личина. ВИДЕО-ТУКА!

ПИОНЕРИ: Хоризнот Т. – Вардар 0:4 овој меч нашите млади надежи го одиграа на гости во село Турново. Стрелец на сите четири голови беше капитенот Дејан Маркоски. ВИДЕО-ТУКА!

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ: Хоризонт – Вардар 0:6 и овој меч нашите  надежи го одиграа на гости во село Турново. Стрелци за црвено – црните беа Марко Ѓоргиевски кој постигна 4 голови. Мартин Филипоски и Александар Георгиевски дадоа по еден погодок . ВИДЕО-ТУКА!