Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Илија Апостоловски и Лука Грчевски најдобри голмани, Матеј Гаштаров најдобар играч на турнирот во Нови Сад
Илија Апостоловски и Лука Грчевски најдобри голмани, Матеј Гаштаров најдобар играч на турнирот во Нови Сад

Илија Апостоловски и Лука Грчевски најдобри голмани, Матеј Гаштаров најдобар играч на турнирот во Нови Сад

Изминатиов викенд четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар беа дел од турнир во Нови Сад, во чест на прославениот голман “Илија Пантелиќ“. На овој турнир освоивме едно прво место ( генерација “2005“), едно второ ( генерација “2008“) и две четврти места ( генерација “2006“ и “2007“).

По одигрување на финалните натпревари беа доделувани и поединечни награди. Тројца играчи од нашите екипи добија признанија за најдобри. Кај победничката генерација “2005„ на ФК Вардар за најдобар голман беше прогласен Илија Апостоловски, кој на почетокот на оваа сезона дојде во Вардар од екипата на ГФК Неготино.

vardarfans-najdobar-golman vardarfans-ilija

МВП на турнирот или најдобар играч во оваа возрасна генерација е исто така играч на црвено-црните, се работи за одличниот Матеј Гаштаров. Матеј го доби истово признание и на турнирот “Гази Баба куп 2017“ кој се играше низ терените во Скопје.

vardarfans-najdobar-igrac vardarfans-gastarov

Најдобриот голман во Македонија за минатата сезона, кај генерација родени “2008“ година, Лука Грчевски е прогласен за најдобар голман и на турнирот во Нови Сад, на кој неговата екипа го освои одличното второ место. Лука беше еден од најзаслужните за сребрениот медал, бидејќи на секој натпревар имаше голем број на одбранети удари кон неговиот гол.

vardarfans-grcevski vardarfans-nagradi